Сопственикот на Lidl инвестира во вештачка интелигенција

106

Сопствениците на синџирот супермаркети Lidl се меѓу оние кои инвестираат повеќе од 500 милиони долари во германскиот стартап за вештачка интелигенција (AI) Aleph Alpha во обид да профитираат од глобалната експанзија на секторот.

Schwarz Group го контролира Lidl и гради нова ИТ-дивизија и води заеднички бизнис со центар за вештачка интелигенција со седиште во градот Хајлборн во југозападна Германија, кој е заеднички основан од фондацијата на Дитер Шварц, основачот на синџирот Lidl, пишува Фајненшл тајмс.

Други инвеститори ја вклучуваат единицата за ризичен капитал на Bosch, најголемиот снабдувач на автоделови во Европа. Оваа стартап компанија, основана во 2019 година, е меѓу најистакнатите европски компании кои се фокусираат на вештачката интелигенција.

Aleph Alpha ќе се обиде да си го зацврсти своето место на сè попреполниот пазар на генеративна вештачка интелигенција, со подобро финансирани конкурентски компании како OpenAI, кој е поддржан од Microsoft, Google и Facebook.

Целта на компанијата Aleph Alpha која имаше околу 70 вработени е да се истакне со нудење заштита на податоците, безбедност и транспарентен софтвер на клиентите, вклучувајќи ги и чувствителните сектори како што се спроведување на законот и здравството. Компанијата досега инкасирала околу 28 милиони евра, пренесува Бизнис.рс.

Aleph Alpha сака да го забрза своето проширување во следните 12 до 24 месеци во текот на кои ќе го тестира и избира софтверот за вештачка интелигенција што ќе го користи. Додека конкурентите развија блиски корпоративни односи со најголемите технолошки групи, германската компанија нагласува дека е независна.