Сопственикот на модниот бренд Зара инвестира во телекомуникациски бизнис

Шпанската телекомуникациска компанија Телефоника се согласи да купи, со својот партнер, сопственикот на модниот бренд Зара, Амансио Ортега, 40 отсто од акциите во нејзината деловна единица Телкиус, која е во сопственост на ККР за 216 милиони евра.

Според Ројтерс, Телефоника и Ортега ќе станат единствени акционери на Телкиус, операторот на телекомуникациската инфраструктура, преку заедничката компанија Понтел, пишува  во поднесокот на Телефоника до регулаторот на пазарот.

Исто така, семејната компанија во сопственост на Ортега, Понтегадеа, ќе го зголеми својот удел во заедничкото вложување Понтел на 30 отсто од сегашните 9,99 отсто.

Ортега оствари профит од компанијата Интидекс, која е во сопственост на Зара, и почна да инвестира во енергетската и телекомуникациската инфраструктура.