Сопственикот на Студио Модерна не е повеќе најбогатиот Словенец

165

Samo in Iza Login Franc Jager Branka Aralica

Брачниот пар Иза и Само Логин се на врвот на листата 100 најбогати Словенци, која традиционално ја објавува магазинот Manager.

Логин се основачи на компанијата Outfit7, специјализирана за развој на мобилни апликации, чија вредност магазинот ја процени на 1,1 милијарди евра, додека нивниот личен имот вреди 617,2 милиони евра, пренесуваат словенечките медиуми.

Од прво место минатата година, оваа година на второ место падна Санди Чешко, основач и сопственик на Студио Модерна, компанија што се занимава со ТВ продажба. Неговото богатство за една година од 460 милиони падна на 390,7 милиони евра. На трето место се наоѓаат брачниот пар Албин и Татјана Добрешек од компанијата Engineering Dobersek, кои тежат 325,8 милиони евра.

Стоте најбогати Словенци имаат имот со вкупна вредност од 4,5 милијарди евра, а добар дел од нивните компании се регистрирани во странство, а не во Словенија.