Сопственикот на Zara го симна Бил Гејтс од “тронот”

59

Amancio-Ortega-GaonaОсновачот и сопственик на шпанскиот гигант за облека Zara, Амансио Ортега, за кратко се искачи на првата позиција на листата најбогати луѓе во светот, оставајќи го Бил Гејтс на второ место.

Според листата што Forbes ја апдејтува постојано, Ортега во петокот за момент се најде на првото место со 80 милијарди долари кога акциите од неговата холдинг компанија Inditex, во чија сопственост се брендовите Massimo Dutti, Bershka, Pull and Bear, Stradivarius, Zara, достигнаа рекордни 33,99 евра.

Сепак, Ортега за кратко повторно се најде на втората позиција откако вредноста на акциите опаднаа на 33,80 евра. Од Forbes потврдија дека ова е прв пат шпанскиот милијардер да се најде пред основачот на Microsoft.

Компанијата на Ортега остварува годишна заработувачка од 20 милијарди долари, што е прилично импресивна бројка во текстилниот сектор. Inditex може само за неколку дена да дизајнира, произведе, испорача и продаде едно парче облека и со тоа експресно да одговори на пазарот што секојдневно се менува.