Сопственикот на Zara во Русија отвора продавници со евтина облека – Lefties

174

11

Шпанската компанија Inditex, сопственик на брендовите Zara и Bershka, во Русија почна да го продава евтиниот бренд Lefties, објави Ројтерс повикувајќи се на претставници на компанијата. Како што јавува Ројтерс, Inditex веќе отвори две такви продавници на периферијата на Москва и една во предградие на Санкт Петербург.

12

Компанијата од продавници што продаваа облека Zara од минатата сезона ја трансформира Lefties во посебен бренд со сопствени колекции и имиџ на продавач на евтина облека. Шпанската компанија генерално не комуницира со медиумите за својата стратегија за брендовите или за отворање на продавници. Inditex се уште не ги објавува резултатите од работењето на Lefties одвоено, туку заедно со оние на Zara.

13

До сега Lefties имаше продавници само во Шпанија и Португалија, околу 100. Компанијата планира да лансира и онлајн шоп за Lefties подоцна овој месец.