Microsoft и Gucci во изминатите месеци соработувале и создале посебен Xbox кој чини 10.000 долари.
Што се добива за тие пари?
Посебно дизајнирана конзола, два безжични џојстици, претплата за Game Pass на неодредено време и Gucci чанта, во која можат да се сместат конзолата и џојстиците.
Продажбата на оваа посебна конзола ќе започне од 17 ноември и ќе се продадат само 100 примероци.
Тие ќе бидат достапни во официјалните продавници во Њујорк, Мексико Сити, Милано, Лондон, Берлин, Пекинг, Токио и Беверли Хилс.