Соработка на Gucci и Microsoft: Xbox кој чини 10.000 долари

50

Microsoft и Gucci во изминатите месеци соработувале и создале посебен Xbox кој чини 10.000 долари.

Што се добива за тие пари?

Посебно дизајнирана конзола, два безжични џојстици, претплата за Game Pass на неодредено време и Gucci чанта, во која можат да се сместат конзолата и џојстиците.

Продажбата на оваа посебна конзола ќе започне од 17 ноември и ќе се продадат само 100 примероци.

Тие ќе бидат достапни во официјалните продавници во Њујорк, Мексико Сити, Милано, Лондон, Берлин, Пекинг, Токио и Беверли Хилс.