Сорос: Творците на еврото биле свесни за неговите недостатоци

16

Кризата на еврото е „самопредизвикана“ и ја турка Европската Унија во долготрајна депресија, оцени меѓународниот финансиер Џорџ Сорос, како што пренесува The Wall Street Journal.

Оценувајќи ја кризата како „ноќна мора“, Сорос говорејќи на конференцијата на Националното здружение за бизнис економија во Њујорк, рече дека творците на еврото биле свесни за неговите недостатоци кога го основале. Всушност, тие основале  централна банка, но не и заедничко Министерство за финансии.

Еврото, всушност ги претвори должничките земји во помалку развиени земји. Постоела „погрешна претпоставка дека државниот долг не е ризичен“. Со тоа е откриена и темелната грешка. Истата би можела да се исправи со воведување на еврообврзница, иако тоа не е политички прифатливо во Германија. Според Сорос, една можност е Германија да стане „добротворен владетел“ и да им помогне на земјите должници. Другата, драстична можност е Германија да истапи од еврозоната. Во тој случај обврските од земјите должници би се префрлиле на Германија, која би морала да се прилагоди на сето тоа. Кога Германија би истапила, би дошло до депрецијација на еврото, така што долгот би останал номинално еднаков, но реално би се намалил. „ Должничките земји би ја повратиле нивната конкурентност, со тоа што извозот би поевтинил, а увозот би станал поскап“, објаснува Сорос.