Соседна земја за пет месеци привлекла 1,4 милијарди евра

38

Србија во првите пет месеци од оваа година привлекла странски директни инвестиции во износ од една милијарда и 413 милиони евра. Тоа е за 12,7% повеќе одошто во истиот период лани, пренесуваат српските медиуми.

“Србија е на трето место во Европа по стапката на раст, зад Луксембург и Естонија. Огромен скок очекува, 7% на ниво на годината, што би значело драстично зголемување на платите и пензиите“, стои на Instagram профилот на српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Фото: Freepik