Sotheby’s ќе понуди шапка на Наполеон за половина милион евра

19

Една од познатите шапки на Наполеон Бонапарта ќе се најде на аукција во  британската аукциска куќа Sotheby’s. Нејзината канцеларија во Париз најави дека со посебна аукција ќе ја одбележи 200-годишнината од смртта на славниот француски војсководец.

Експертите за проценка на вредноста и автентичноста на понудените предмети сметаат дека специфичната шапка што ќе се најде на аукцијата му била на главата на Наполеон Бонапарта за време на неговиот воен поход во Русија во 1807 година.

Аукцијата ќе се одржи во септември, а се проценува дека шапката ќе достигне цена од 400.000 до 600.000 евра.

Фото: Facebook