Sous la vie – торбичка со храна што се вари во машина за перење

53

sous-la-vie

Фото: Gray design

Студент од Израел дизајнираше торбичка за храна којашто може да се стави во машина за перење. Додека машината ги пере алиштата, во исто време ќе се подготвува и храната во торбичката, пишува Dezeen.

Храната во торбичката ќе се подготвува според принципот sous – vide. Станува збор за француски термин што значи под вакуум. Оваа техничка подразбира вакуумирана храна што се вари на одредена температура.

sous-la-vie-1

“Наместо да ги следите рецептите за sous – vide подготовка на храна и да варите едно парче месо на 58 степени два или два ипол часа, оваа торбичка ставете ја во машината за перење на долга програма. Ако сакате да подготвите зеленчук, тогаш вклучете ја кратката програма на вашата машина за перење“, вели дизајнерот на оваа торбичка, Ифтач Газит.

Торбичките, што го носат името Sous la vie, се направени од водоотпорна хартија што не дозволува детергентот да навлезе во храната. Внатре храната е вакуумирана во пластична кеса што не дозволува да истече.