SouthCentral Ventures инвестира во старт – ап бизниси во Хрватска, Србија, Македонија, БиХ…

49

southcentral_1naslovna

Официјално стартуваше долго најавуваниот Enterprise Innovation Fund (ENIF) под брендот SouthCentral Ventures, пишува Нетокрација.

Засега повеќе од 25 милиони евра ќе бидат наменети за вложување во технолошки старт – ап бизнис во Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Црна Гора.

Максималниот износ на фондот ќе биде 40 милиони евра, а отворени се канцеларии во Загреб, Белград и Скопје.

Главната канцеларија на фондот ќе биде во Белград, каде што од почетокот се наоѓаат четири лица на чело со Јан Коблер, кој се пресели во српската престолнина.

Фондот во најголем дел е финансиран од Western Balkans иницијативата на Европската унија.

Фокусот ќе биде ставен на веб, мобилни, IoT и агротехнолошки проекти, при што планирано е да инвестираат од 500.000 до два милиони евра за еден проект.