Совет на денот: Кога веќе не можеме да ја промениме ситуацијата, предизвикани сме да се промениме себеси

198

Познатиот австриски психијатар Виктор Франкл напишал психолошки мемоари во кои низ личните, но и низ искуствата на други луѓе од логорот во Аушвиц ја претставил својата логотерапевтска теорија според која смислата, а не успехот или среќата, е силата што го движи човечкиот живот.

Неговата книга Man’s search for meaning; An introduction to logotherapy ќе стане едно од најчитаните дела на 20-от век.

Овие внимателно одбрани зборови се полни со мудрост:

“Животот не е неподнослив поради околностите, туку поради недостатокот од значење и цел“

“Кога веќе не можеме да ја промениме ситуацијата, предизвикани сме да се промениме себеси“

“Ние носиме одлука како ќе продолжиме натаму, да продолжиме да се будиме и да го живееме својот живот секој ден затоа што веруваме дека постои некаква повисока цел и дека нашите страдања не се залудни“

Фото: Pexels