Совет на денот: Најважниот продукт на создавачкиот ум е изумот

89

Ако постои човек кој знаеше како да ја смени реалноста, тогаш тоа е тој. Го нарекувале фантазер, ги исмејувале неговите идеи, но времето покажало сѐ. Тој лесно создавал откритија, како од шега. Велел дека техничките откритија сами од себе му паѓаат напамет. Никола Тесла се смета за еден од најгенијалните луѓе на сите времиња. Тесла бил тивок и скромен иноватор. Генијот му подарил на светот многу изуми и неколку изреки што се споменуваат и денес:

Најважниот продукт на создавачкиот ум е изумот

Нашите доблести и нашите неуспеси се неразделиви, како силата и материјата. Кога ќе се раздвојат, човекот веќе не постои

Не се грижам зошто ми ја украдоа идејата, се грижам што немаат свои идеи

Желбата која ме води во сè што работам е желбата да ја искористам силата на природата за да му служи на човештвото

Борбите помеѓу индивидуалците, како и владите и нациите, несомнено се предизвикани од недоразбирања. Недоразбирањата секогаш се предизвикани од неспособноста да се цени туѓото мислење

Последните 29 денови од месецот се најтешки

Научникот не бара резултат веднаш. Тој не очекува дека неговите напредни идеи спремно ќе бидат прифатени. Неговата работа е како на земјоделец – тој работи за иднината. Неговата должност е да постави основа за тие кои доаѓаат и го посочува патот. Тој живее, работи и се надева