Совет на познат економист: Платете им на работниците да останат дома

151

Српско – американскиот економист и експерт за економска нееднаквост, Бранко Милановиќ, смета дека треба да им се овозможи финансиска помош на работниците кои ја изгубиле работата, за да останат дома и така да помогнат да се смири пандемијата од коронавирусот, пренесува Nova ekonomija.

“Како што условите драматично се менуваат, така и решенијата се менуваат драматично. На обичните луѓе дајте им пари, но од нив барајте да бараат работа, да се преквалификуваат или со нешто да се занимаваат. Сега мора да им дадете пари да НЕ бараат работа, туку да останат дома“, напишал Милановиќ на Twitter.

Тој смета дека идејата дека не треба да им се помогне на вработените, туку на корпорациите припаѓа на “стар арсенал“ од идеи, според кои богатите треба да станат уште побогати за да ги вработат сиромашните.

“Зарем сакате да ги оставите осиромашени да одат по улица и да бараат работа? Не, интерес на креаторите на политики треба да биде да им ги зачуваат приходите што е можно повеќе и во исто време да ги охрабрат да не одат на работа“, смета Милановиќ.

Според него, во текот на епидемијата разбирлив е правецот на економската политика да се зголеми побарувачката на лекари и медицински персонал, додека на луѓето кои произведуваат материјални добра “безусловно да им се помогне“ и да се ограничи работата што е можно повеќе, а целиот фокус да се помести од финансиските индикатори на приходите на домаќинствата.

Претходно, Милановиќ напишал дека економските последици од пандемијата на коронавирусот не смеат да се сфатат како “обичен проблем што може да се реши или ублажи макроекономски“ и дека е можно да се случува “суштинска промена на самата природа на глобалната економија“.

Фото: Pixabay