Совет од искусен инвеститор – Кога инвестирате следете ги овие три правила

366

Постојат безброј причини поради кои би можеле да се одлучите да инвестирате во одредена компанија.

Mилијардерот и извршен директор на конгломератот Berkshire Hathaway, Ворен Бафет, советува дека “собирањето на акции“ треба да се избегне затоа што мислите дека нивната вредност ќе скокне.

Како што вели тој, дури и најдобрите инвеститори не можат да предвидат како ќе се однесува пазарот.

“Наместо тоа, би требало да инвестирате во компании коишто ги познавате и разбирате и за кои верувате дека ќе имаат долгорочна вредност“, вели Бафет.

Без разлика на тоа колку малку или многу акции купувате, треба секогаш да бидете во можност на хартија да ставите образложение за секоја своја инвестиција – зошто планирате да инвестирате токму во таа компанија, вели искусниот инвеститор.

Исто така, не мисли дека инвеститорите треба да се грижат за тоа како акциите ќе се однесуваат на краток рок. Наместо тоа, Бафет препорачува да се фокусирате на компании коишто ќе ја задржат својата вредност со тек на време.

Бафет следи три општи правила при одлучувањето во кои компании ќе инвестира.

“Прво, мора да бидат профитабилни. Второ, со нив мора да управуваат способни и чесни менаџери и акциите мора да бидат достапни по разумна цена“, вели Бафет.

Фото: Pixabay