Совети како да го подобрите говорот на телото

147

prekrsteni-race-pexels

Фото: Pexels

Понекогаш начинот на кој се движиме покажува повеќе од она што го говориме. Сите ние учиме за говорот на телото, но малку внимание обрнуваме на говорот на сопственото тело. Проверете пет начини како да го искористите вашиот говор на телото и да успеете во намерите.

1. Подигнете го нивото на енергија

Замислете дека сте на состанок и измерете си го нивото на енергија на скала од 1 до 10. Повеќето луѓе ќе си се оценат себеси со 8 или 9. За жал, другите луѓе во собата ќе ги оценат со 3 или 4. Тоа што нам ни се чини како високо ниво на енергија, може за другите да биде безживотност.

2. Кога работите ќе тргнат на лошо, почни да се смееш

Намуртеното лице и другите негативни изрази на лицето му даваат сигнал на мозокот дека тоа што го правиме е тешко. Тоа го тера мозокот да испрати кортизол во крвта, кој го зголемува стресот. Наскоро стресот ќе предизвика поголем стрес и ќе настане хаос.

Наместо тоа, натерајте се да се смеете и ќе видите дека тоа функционира. Исто така, кога се смеете им помагате и на другите да чувствуваат помалку стрес. Повеќето од нас реагираат како огледло на другите, па така ако се насмеете и другите ќе ви се насмеат. Доколку се намуртите, и другите ќе ви се намуртат.

3. Зборувај повеќе со рацете

Вистинските гетикулации ги објаснуваат зборовите. Размислете како зборувате кога не сте на вашето работно место. Тогаш делувајте на истиот начин во професионалните ситуации. Ќе почувствувате поголема самодоверба, ќе размислите почисто и користејќи познати фрази ќе влезете во подобар ритам.

4. Користете одредени пози на телото

Телесните пози влијаат на ставот на човекот. Луѓето кои стојат или седат со прекрстени раце, наведнати нанапред, се наоѓаат во одбранбен став. Затоа треба да ги отргнете од нивната одбранбена поза. Можете да се ракувате, да им побарате визит карта или да им понудете пијалок. Доколку зборувате пред група на луѓе, тогаш поставувајте прашања кои ќе инволвираат одговор со кревање на рака.

5. Размисли пред да зборуваш

Контактот со очите е многу важен, но тешко е да одржиш контакт, кога треба да мислиш. Повеќето од нас гледаат горе или долу, или пак на страна и дури откако ќе ги собереме мислите се враќаме назад. Подобар начин е да размислите, па потоа да одговорите. Земете пауза, расмислете убаво и откако ќе ги соберете мислите, направете контакт со очите и почнете да зборувате. Тогаш вашите зборови ќе бидат помоќни, бидејќи ја имаат поддршката на вашиот поглед.