Совети што треба да ги игнорирате ако започнувате бизнис

211

Кога започнувате сопствен бизнис ќе се соочите со многубројни совети од различни луѓе. Некои од нив може да ви пренесат успешни приказни или да споделат неуспеси што тие ги “преживеале“ и да ве предупредат пред да биде предоцна. Во мноштвото совети за тоа како да го развиете производот, услугата, кого да вработите или како да раководите со финансиите може само да ви ја отежнат работата.

Може да направите погрешни чекори кога ќе започнете сопствен бизнис, но секогаш е подобро да направите свои грешки отколку да слушате совети што ве поттикнуваат да направите нешто погрешно.

За да се движите по вистинскиот пат, ова се неколку лоши совети што не треба да ги прифатите.

Вработи луѓе кои ги знаеш

Многумина велат дека е добро да се формира тим со луѓе кои ги познаваш (пријатели, поранешни колеги). Но, најдобро е да одберете кандидат преку конкурс. Најважна е стручноста и вештините кои ќе одговараат на потребите за вашата компанија. Ако работите не се одвиваат како што треба полесно ќе се заблагодарите на соработката со работникот кој не ги исполнил очекувањата на пробната работа, отколку пријателот кој бил лош во извршувањето на работата, а не сакате отворено да му кажете за да не го загрозите пријателството.

Нема место на пазарот

Секогаш ќе имате конкуренција која ќе работи подобро или полошо од вас. Клучот на успехот не лежи само во тоа да работите нешто што друг не го смислил, туку и начинот на кој ќе им пристапите на клиентите.

Мора да бидеш поевтин од другите

Многумина сметаат дека може да се натпреваруваат со големите играчи така што ќе понудат пониски цени. Иако е важно да ги придобиете клиентите, нереално ниските цени може да се одразат лошо на бизнисот. Долгорочно гледано подобро е да размислите за додадена вредност која би им ја понудиле на клиентите, отколку за тоа дали сте понудиле најповолна цена на пазарот. Тоа уште во стартот е изгубена борба бидејќи секогаш ќе постои некој на пазарот што ќе може да понуди пониска цена од вас.

Социјалните мрежи се бесплатни

Секој кој сака сериозно да се промовира на социјалните мрежи треба да знае дека треба да вложи време, труд и пари, пишува Mashable.