Совети за онлајн купување и испорака на бела техника

85

Законот го заштитува потрошувачот, но од другата страна постои недоразбирање со трговците.

Испорака на домашни апарати купени од онлајн продавници. За голем број потрошувачи купувањето преку интернет при постоечката состојба со Ковид-19 е единствената опција за да го добијат производот што го посакуваат, бидејќи специјализираните продавници за бела техника не се отворени. Од една страна интернет-продавницата навистина го олеснува купувањето, но од друга страна создава дополнителни грижи особено кога станува збор за испорака на погабаритни и потешки парчиња од бела техника.

При достава на поголеми и /или потешки парчиња бела техника се поставува прашањето: Како ќе се испорача избраниот производ? Најчесто кога прави нарачка по пат на интернет, потрошувачот треба да го заврши целиот процес на набавка, пред да ги добие сите битни информации за конкретниот производ, што го доведува во ситуација да има помалку од вообичаено потребни информации пред да се одлучи за купување, при што неприфатливо е нарушено неговото право на информираност. Тоа се случува особено кога потрошувачот најпрвин треба да создаде корисничка сметка или да се регистрира кај е-продавницата, наведуваат од Организација за заштита на потрошувачи (ОПМ).

Оттаму напоменуваат дека при прегледување на понудата и изборот на производи на веб страницата треба да бидат обезбедени целосни информации за испорака, заедно со точната цена.

Во поглед на времето на испорака, најверојатно дека ќе добиете различни можности кај на онлајн продавниците во зависност дали имаат доставувачи (со кои имаат склучено договор) за испорака или испораката ја прават преку сопствена услуга при што потрошувачот комуницира со две контактни точки, а би требало да има само една информативна точка-трговецот, а не и да се обраќа за информации кај доставувачот.

Е-продавниците најчесто се едногласни во тоа што нема да ја достават робата до вашиот дом, користејќи прилично разновидни оправдувања или предлози да ја остават кај влезот на зградата, до влезната врата, и сл. Секако дека потоа не е лесно габаритните и тешките производи да ги внесувате сами до вашиот дом којшто е на втор или трет кат.

Во пракса, трговците преку Интернет ја толкуваат испораката на поинаков начин, и веројатно спротивно на она што го очекуваат повеќето потрошувачи. Покрај тоа, некои трговци одделно обезбедуваат платени услуги за внесување на производите во домот.

Со цел да избегнете вакви состојби, од ОПМ советуваат: Пред да ја направите вашата нарачка, проверете дали и на кој начин ќе ви го достават производот и дали можете да организирате точно време на достава. Проверете дали трговецот дозволува производот да се подигне во нивниот магацин или продавница. Оваа опција може да биде интересна ако имате соодветно големина на возило и помош при носење на производот. Бидете слободни да прашате каде е локацијата за пик-ап, пред да одлучите за сопствен пик-ап и превоз, бидејќи ова може да биде на друго место освен седиштето на трговецот.

Фото: Pixabay