Советник во Белата куќа: Огромен напредок во разговорите за царини меѓу САД и ЕУ

Преговарачите од Соединетите Американски Држави и Европската Унија се сретнаа неколку пати и постигнаа огромен напредок, изјави денеска економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хесет.

„Имаше многу дискусии со ЕУ. Постигнуваме огромен напредок. Тоа ќе биде многу добро за американските работници, особено во автомобилската индустрија“, рече Хесет за Фокс њуз.

Претставници на ЕУ во моментов се во Вашингтон на разговори за тарифите наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп.