Советот на Бафет, инспирација за името на новиот парфем на Џеј Ло

80

Името на новиот парфем на Џенифер Лопез е Ветување (Promise), инспириран од совет што пејачката и актерката го добила од милијардерот Ворен Бафет, пишува CNBC.

“Ми кажа дека брендот е ветување. Чувствувам дека сето она што му го покажам на светот мора да биде ветување. Мора да имаме ветување со себе. Тоа е она што треба да нè турка напред. Неговите зборови ме натераа да размислувам за животот на поинаков начин“, вели Лопез.

Од тој заеднички разговор произлегува и идејата најновиот парфем на Џеј Ло да го носи тоа име. Иако овој совет е голема инспирација за Лопез, Бафет не го корист за прв пат. Напротив, зборот ветување е еден од најчестите зборови што Бафет со години го користи во комуникација со акционерите на Berkshire Hathaway.

Фото: Facebook