Совладајте ги основите на најпрофитабилниот бизнис додека сте во карантин

258

За да се забави ширењето на коронавирус, милиони луѓе низ целиот свет практикуваат социјално дистанцирање и седење дома. Ако не работите за време на вонредна состојба и карантин, тогаш времето треба да го користите на конструктивен начин. Покрај музеите ширум светот, кои ги отвораат своите врати за онлајн посетители, достапни се и многу курсеви за обука.

Коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс издвои неколку омилени платформи за учење на програмирање.

Вовед во Java Script: Цртање и анимација

Гејтс вели дека основното разбирање на програмирањето помага во развој на критичко размислување. На овој курс, студентите создаваат анимации за да ги разберат основите на JavaScript.

Прашањата што програмирањето ве учи да ги поставите се: Како да завршите задача? Можете ли да најдете образец? Кои информации ви се потребни? Сето ова е корисно без оглед на тоа со што се занимавате во животот.

Вовед во HTML / CSS : Креирање страници

За Гејтс, програмирањето било повеќе од техничка вештина.

“Компјутерската наука ми помогна во обликувањето на начинот на кој размислувам за светот“, напиша Гејтс.

Со овој курс, ќе научите како да креирате веб страница со текст и слики.

Hour of Code

Овој едноставен вовед во компјутерската наука Code.org е идеален курс за почетници.

Вовед во SQL: Барање и управување со податоци

Овој курс ве води низ креирање табели и избирање податоци на различни начини.

HTML / JS: Создавање интерактивни веб-страници

Користејќи ги основните HTML и JavaScript, ќе научите како да креирате интерактивна веб-страница.

Фото: Pexels