Современ дом од Прилеп за девет месеци оствари 27,4 милиони денари добивка

62

sovremen-dom-prilep

Современ дом од Прилеп, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 27.704.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа 21.789.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваат 173.206.000 денари. На домашен пазар се остварени 85.076.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата достигна 88.130.000 денари.

Компанијата нуди објекти под закуп за различни производни или трговски компании.