Современа 101 FOOT Клиника се отвори во Македонија 

47

101 Foot Clinic_logo

Новата 101 FOOT Клиника комплетно ќе третира проблеми и болести на нокти и кожа на стопала и дланки кај луѓето. Клиниката е уникатен спој на современиот револуционерен пробив во европската медицина од интелигентни био микроорганизми, надополнет со модерната и иновативна американска ласерска технологија одобрена од Американското биро за контрола на лекови (FDA).

„Потребата за отворање на 101 Foot Клиника во Македонија е истражувањето кое го направивме на пазарот и со тоа осознавме дека на луѓето им е потребна стручна помош за комплетни третмани за проблеми и болести на нокти и кожа на стопала и дланки. Нашиот тим од доктори ќе овозможи комплетна анализа и ефикасен третман за да решиме ваков тип на проблем на секој наш пациент“, изјави Ивица Смилковски, извршен директор на 101 Foot Клиника.

Габичната инфекција е најчеста форма на заболување на ноктите и се јавува кај 50% од вкупната популација во текот на животот. Останатите форми на заболувања на ноктите се јавуваат поретко. Болестите на кожата и ноктите може да бидат предизвикани од различни причини, што значи дека дијагностицирањето и третирањето на проблемите со кожата и ноктите е многу комплексна задача. Тоа бара прецизна и сеопфатна анализа и детално истражување на медицинската историја на пациентот.

„Постојат огромен број на причини кои можат да доведат до заболување на ноктите. Заболувањата на ноктите не треба да се поистоветуваат со заболувањата на кожата. Нашата цел е да спроведеме детална дијагноза кај секој пациент индивидуално, од различни постапки и методи сè со цел да му помогнеме во решавање на состојбата во која е истиот“, додаде доктор Марина Пешевска од 101 FOOT Клиникa.

101 FOOT Клиника во својот концепт на третирање на проблемите со нокти и кожа на стaпала и дланки користи најсовремените aмерикански ласерски технологии и апарати. Како докажан светски бренд опфаќа естетско-дерматолошки клиники во повеќе од 60 земји на сите континенти.