Совршена нега за сите типови на кожа

324

nega-na-koza

Фото: Pixabay

Во студените зимски месеци на кожата и е потребна повеќе нега. Затоа се препорачува од време на време да ја потхрануваме кожата со маски кои ќе и ја вратат еластичноста и сјајот.

Одредете го типот на вашата кожа

Слично како кремите и маските треба да ги прилагодите на типот на кожата. Доколку не ја одберете вистинската маска, можно е да се појават воспаленија, лупење или пак зголемена маснотија на кожата. Пред да ја нанесете на лицето, најпрво ставете малку од маската на внатрешниот дел на подлактицата, каде што кожата е најслична на онаа на лицето. Видете како кожата ќе реагира и доколку е потребно, изберете друга маска.

Глина за масна кожа

За разлика од сувата кожа, на масната кожа и е потребна маска која ги апсорбира вишокот маснотии. Најдобар избор за овој тип на кожа се маските на база на морска сол, лековита кал и глина.

Шеа путер за сува кожа

На сувата кожа не и одговараат парфимирани маски, затоа што дополнително ја сушат и надразнуваат. Не се препорачува да се користат и оние кои се базирани на глина, сулфур и оние што содржат екстракт од лимон. Најдобри се маските кои содржат масло и путер, глицерин, масло од кајсија, масло од јојоба, но избегнувајте го маслото од чајно дрво, затоа што ја суши кожата.

Внимавајте со чувствителната кожа

Чувствителната кожа реагира веднаш и бавно се регенерира. Затоа треба да бидете многу внимателни кога избирате маска. Добар избор за проблематичната кожа се краставицата, камилицата и маска со алое вера, кои делуваат смирувачки.

Мешан тип

На вакиот тип на кожа им одговараат маски кои ги чистат мртвите ќелии од кожата и не се јаки за лицето. Најдобар избор се оние кои ја хидрираат кожата, а имаат ниска концентрација на киселини, како на пример маски кои содржат бадемово масло и млечна киселина која не предизвикува иритација.