Создаден бетон што ослободува топлина и произведува струја

40

Научници од Технолошкиот институт Масачусет и Францускиот национален центар за научни истражувања направија бетон од наночестички од саѓи, што произведува електрична енергија и создава топлина.

Бетонот е направен така што во бетонската смеса се ставени наночестички од саѓи.

Станува збор за евтин материјал што има голема спроводливост, бидејќи бетонот би можел да спроведува електрична енергија. Напон од само пет волти бил доволен за да се зголеми површинската температура на бетонот на околу 41 степен, што би можело да се користи при одмрзнување на отворени патишта, но и во затворен простор.

Обично за греење во затворен простор се врши циркулација со загреана вода во цевки што се поставени под подот, но кога цементот станува елемент што грее, системот станува поедноставен за изведба.

Овој бетон нуди и похомогено распоредување на топлината поради одличната дисперзија на наночестичките во останатиот материјал.

Фото: Pexels