Созопол номиниран за најдобра европска дестинација за 2017 година

12

sozopol

Созопол е номиниран за најдобра европска дестинација за 2017 година од организацијата European Best Destinations, соопштуваат од бугарското министерство за туризам, пишува Труд.

Во меѓувреме, замокот Вљубен во ветрот (Влюбен във вятъра) во с. Равадиново, општина Созопол, освои четврто место во категоријата Најубави замоци во Европа од истата организација.

Според податоците на министерството, југот на Црното море во јуни оваа година го посетиле 20% повеќе туристи во споредба со истиот период минатата година.