S&P го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

17

Рејтинг агенцијата Standard and Poor’s го подигна кредитниот рејтинг на Грција за шест степени, поради “силната одлучност” на земјите од еврозоната да и помогнат да остане членка на монетарната унија.

S&P го зголеми рејтингот од “селективен банкрот” на Б-.

Агенцијата исто така ги пофали континуираните напори на грчката влада да ги намали своите трошоци.

Минатата недела Грција почна да ја добива последната транша од помошта од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.