SpaceX лансира четири астронаути во Меѓународната вселенска станица

57

SpaceX, компанијата што ја основаше Илон Маск, во неделата лансираше четири астронаути на лет до Меѓународната вселенска станица. Новата SpaceX капсула Crew Dragon беше лансирана преку ракетата SpaceX Falcon 9 од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида, пренесува Ројтерс.

Летот до станицата трае 27 часа, а се работи за прва шестмесечна “оперативна“ мисија со којашто се потврдува продолжувањето на летови со човечки екипаж од САД до април, откако беше прекината деветгодишната зависност од Русија.

SpaceX претходно успешно ја заврши мисијата што траеше до август, во текот на која испрати двајца астронаути и ги врати на копно без никакви потешкотии.

Фото: Twitter