SpaceX склучи договор со NASA

39

Американската вселенска агенција (National Aeronautics and Space Administration -NASA) склучи договор со компанијата SpaceX на Илон Маск што ќе треба да се фокусира на спречување судири меѓу вселенските летала на агенцијата и големите констелации на сателити на други ракетни компании.

Со договорот се очекува да се подобри размената на податоци меѓу NASA и Starlink, проект на SpaceX, за да се обезбеди сигурност дека двете страни ги имаат сите потребни информации за точната позиција на вселенските летала низ орбитата, пренесува Ројтерс.

“Бидејќи комерцијални компании лансираат сè поголем број на сателити, важно е да се зголеми комуникацијата, да се разменуваат податоци и да се препознае најдобрата пракса за да бидеме сигурни во безбедно вселенско окружување“, вели Стив Јурчик, администратор на NASA.

SpaceX се согласи неговите Starlink сателити да маневрираат самостојно за да може сателитите на NASA да функционираат без никаков проблем.

Фото: Pexels