Spar влегува на косовскиот пазар

16

Фото: Twitter

Холандскиот синџир на супермаркети, Spar најавува дек влегува на косовскиот пазар, пишува SeeBiz.net.

Spar Kosovo е нов ентитет што го основа конзорциум од искусни партнери во големопродажба и малопродажба на производи за широка потрошувачка, кои ќе работат во партнерство со Spar International.

Според најавите, на Косово во следните пет години ќе бидат отворени 35 продавници. Во план е отворање на три нови продавници до крајот на година и седум во текот на следната година. Продавниците ќе бидат лоцирани во Приштина, како и во другите градови на Косово.

Брендот Spar има 13.115 продавници на четири континенти и вработува околу 350.000 луѓе од целиот свет.