Специфичности на менаџментот на човечки ресурси во непрофитните организации (1)

272

hierarhija-pixabay

Фото: Pixabay

Непрофитните организации (НПО) успеваат благодарејќи на луѓето и поради нивната посветеност, интелигенција и мотивираност. Затоа е најдобро да се најдат и да се одберат најдобрите вработени и волонтери. Секое друго делување е влез во неуспех. За разлика од приватниот производствен сектор, каде што технологијата за производство е многу важна за успехот, во НПО сѐ се темели на луѓето. Одделот за човечките ресурси се концентрира не само на пронаоѓање на добри лидери, туку и на формирање на тим со различни способности, кои работат тимски заедно за заедничка цел.

Откако вработените и волонтерите ќе се ангажираат, мора да се развие доверба меѓу работодавачот и вработениот/волонтерот, менаџерот и вработениот/волонтерот, за да се зголемат шансите за успех. Менаџирањето со човечките ресурси, исто така, ќе вклучи промовирање на креативни одговори на предизвикувачката работа, како и одбрана против неетичките и незаконските практики.

Активностите на МЧР во НПО може да се категоризираат во пет општи категории:

  1. Регрутирање, селекција и воведување;
  2. Еднаква и праведна плата (за вработени, а не за волонтери);
  3. Комуницирање меѓу вработените, менаџментот и волонтерите;
  4. Правни и етички аспекти;
  5. Одржување и развивање на имиџот на организацијата.

Доколку соодветно се менаџираат и вработените и работната средина, можат да ги зајакнат целите на една НПО. Доколку се има знаење за човечките ресурси и за управувањето со една канцеларија, работните задачи можат да се развиваат заедно со растот на организацијата. Кој ќе ги надгледува овие активности зависи од големината на канцеларијата. Може сѐ да биде поделено меѓу неколку вработени или, пак, во една голема канцеларија, може да има посебни вработени за човечките ресурси и за менаџирањето со канцеларијата. Меѓу овие две спротивности, постојат огромен број комбинации.

Важната работа е да се постапува методолошки, одржувајќи дух во организацијата без да се дозволи административните задачи да ги заситат вработените. Менаџирањето на човечките ресурси и менаџирањето на канцеларијата, секако, се средства за да се остварат целите на организацијата; тие не треба да бидат цели за самите себе. Успехот на една НПО не е во големината на вработените и уредувањето на канцелариите, туку дали луѓето, опремата и околината се соодветни за да ѝ помогнат на организацијата да ги оствари целите и својата мисија.

Одредени принципи на менаџментот на човечките ресурси и на општиот менаџмент важат за сите НПО, без оглед на нивната големина. Сите тие се подолу објаснети, имајќи ја перспективата на една НПО која расте.

Членови на извршни органи (ИО) и човечките ресурси

Веќе споменавме дека една од клучните разлики меѓу профитните и непрофитните организации е тоа што членовите на извршниот орган (ИО) кај непрофитните организации многу често се волонтери. Значи, немаат финансиски мотив да го работат тоа што ветиле дека ќе го прават, туку издвојуваат од своето приватно време за доброто на заедницата, мисијата на организацијата или на самата организација. Токму затоа, во овој дел, подетално ќе  навлеземе во мотивите на овие луѓе – зошто станале членови на извршниот орган, но и кои се нивните ингеренции и дали тие ингеренции се разликуваат од оние кај профитните организации.

Спецификите на членовите на ИО во НПО ќе ги објасниме подолу, додека техниките и методите на човечките ресурси, односно на Системот за менаџирање на перформансите од работењето (Performance Management System) веќе ги објаснивме, апсолутно се применливи и во НПО и во профитните организации, секако имајќи ги предвид спецификите и соодветните прилагодувања. Дополнителна специфика за членовите на ИО е во фактот дека номинирањето, изборот и функциите на членовите на ИО најчесто е регулирана во самите статути на организациите и мора да е во согласност со постоечката регулатива во земјата или земјите во кои делува НПО.

Разбирање на работата на ИО во НПО

Накратко дефинирано, извршниот орган на НПО е група луѓе, најчесто волонтери, кои се договориле да ја преземат одговорноста за таа НПО. Бидејќи се волонтери, тие немаат финансиски интерес во непрофитната организација. Извршниот орган се состанува за да донесе одлуки за работењето на организацијата, да постави политики кои би биле применети и спроведени од вработените или од волонтерите и тие ги надгледуваат активностите на организацијата. Најчесто извршниот орган има претседател и други избрани лица, како што се потпретседател, секретар и благајник.

Непрофитните организации немаат сопственик како кај профитните организации. Така, извршниот орган го насочуваат и ја надгледуваат НПО како што тоа би го правел сопственик. Но, на тоа треба да гледаме вака: никој не е сопственик на градот или на државата. Значи, одредена држава ја предава одговорноста за нејзино водење на избрани функционери. Очекуваме да управуваат со нашите градови или држави. Работата на непрофитниот извршен орган е слична, всушност, може да се нарече непрофитно владеење.

Извршниот орган е, исто така, и најважното тело на НПО за обезбедување средства, една од улогите што ја нема во профитните организации. Ако извршниот орган не ја преземе водечката улога во обезбедувањето средства за работа, навистина е тешко една НПО да обезбеди средства за да може да работи. Најдобри се оние извршни органи кои не само што успеваат да обезбедат други луѓе и организации да донираат средства, туку прво и основно, и самите тие издвојуваат средства.

Според П. Бурке Кееган, совршен извршен орган е оној што функционира извонредно, има 100% присутност, дава 100% сè од себе, секој член обезбедува средства и има тимски дух кој го предизвикува секој член да работи максимално со своите можности. Совршениот извршен орган има комитети што се формирани за да одговорат на специфични потреби, ја сработуваат својата задача, даваат извештај на извршниот орган, се расформираат, а потоа се формираат заради нова важна задача. Совршениот извршен орган живее за иднината, ја води организацијата напред и дава енергија на професионалните вработени (платени или неплатени) за да можат да се справат со секојдневните работни задачи. И на крај, совршениот извршен орган посветува сериозно внимание на прашањата како што се планирање и регенерирање на самиот извршен орган. Членовите меѓусебно си заблагодаруваат, си веруваат и напредуваат во делот на лидерски и развојни способности, како и во односите со заедницата.

Најдобар начин да се состави извршен орган и тој да работи успешно, е да се воспостават вистинските функционери и работни групи во рамките на извршниот орган. Така, луѓето ќе знаат што се очекува од нив и што треба да се заврши. Најголемиот број на извршни органи се составени барем од 4 одговорни позиции:

sl-1

Работа со комитетите на извршниот орган

Вообичаено, НПО имаат неколку постојани комитети:

sl-2

Ако работат добро, не треба ништо да се менува. Но, ако луѓето кои се упатуваат на работа во комитетите ги снемува и не се враќаат повторно во непрофитната организација, тогаш треба да се размисли и комитетите да се организираат различно.

Засновано на практичното искуство, за некои НПО може да е покорисно да се отповикаат сите постојани комитети и да се креираат комитети врз ад хок (ad hoc) основа. Ова може да се поткрепи со следниве два аргумента:

  1. Луѓето вообичаено се предложени да работат во некој од комитетите на извршниот орган како што се финансии, прибирање на средства, програми, односи со јавност, итн., не поради горечката желба да работат во некоја од овие области, туку поради фактот што овие комитети постојат и им требаат луѓе.
  2. Не секогаш оние коишто се во комитетот се најкомпетентните за да решат некој проблем.

Многу често се преклопуваат со работата на вработените (кај оние НПО кои имаат вработени), или со тоа што е многу пологично да го прави самиот извршен орган, како на пример: Долгорочното планирање, буџетирањето и прибирањето на средства или обезбедувањето на пари и идентификувањето на изворите за финансирање.

Затоа, најдобриот начин да се пристапи кон структурата на комитетите е според принципот врз ад хок (ad hoc) основа. Ова бара силно лидерство, па организациите треба да бидат сигурни дека имаат силно лидерство пред да преминат на вакво работење на комитетите. Начинот на функционирање е многу едноставен. Претседателот на извршниот орган формира и расформира комитети по потреба. Така, наместо комитет за прибирање на средства (fundraising), постои лице за мобилизирање на средства (fundraiser) коешто сака мобилизирање на средства (fundraising).

Овој ад хок (ad hoc) пристап, исто така, помага да се создаде атмосфера на вклучување на членовите на извршниот орган. Тие можат да видат како други членови на извршниот орган волонтираат, соработуваат и се пофалени. Наскоро може да се развие став „еве како работиме ние во овој извршен орган“. Сето ова води кон создавање на извршен орган со членови кои не ни помислуваат да дојдат на состанок и да кажат „не можев, бев зафатен, бев на пат, итн.“

Број на членови на ИО во НПО

Ова прашање вечно може да се дебатира и никогаш да не се договори. Дали вашата НПО ќе работи подобро, ако има помал или поголем извршен орган? Дури и консултантите за извршни органи не се согласуваат околу ова прашање. Многу НПО откриле дека може да функционираат со 7 до 9 членови, додека други се со мислење дека имаат потреба од 40 члена за да може да се направи што било.

Предноста на големите извршни органи е што работата може да се подели меѓу поголем број членови на извршниот орган, се добиваат различни мислења и пристапот до заедницата е многу посилен.

Предноста на помалите извршни органи е дека се создаваат подобри работни односи меѓу членовите, процесот на донесување на одлуки е полесен поради потребата да се консултираат помалку опции. Исто така, одредени членови на извршниот орган можат да станат невидливи во поголеми извршни органи, бидејќи никој нема да забележи дека нешто не се направило.

Одговорот на ова клучно прашање може да се даде со прашањето: Колку членови на извршниот орган мислите дека ви требаат? Оние НПО кои имаат помали управни органи ќе ги имаат придобивките што ги носи нивната големина. Но, оние НПО кои имаат големи управни органи и добро функционираат, секако дека би го дале својот глас за поголем извршен орган. Затоа, оваа одлука треба да ја преземе самиот извршен орган или собранието на НПО. Понекогаш големината на извршниот орган зависи и од големината на самата НПО.

sl-3

Во многу НПО и во многу земји во светот, селекцијата на членовите на НПО е регулирана во статутот на самата организација. Можни се варијации на темата, но генерално, селекцијата на членовите на ИО се прави на генералното собрание на организацијата. Во организациите кои се засновани на членство, самите присутни членови на генералното собрание ги гласаат кандидатите за ИО.

Ако имате прашање за Јован Маџовски, можете да го поставите на Бизнис советник.