SpeediFly – бугарска платформа за патување во последен момент

28

bg

SpeediFly е социјална платформа за спонтани патувања, која нуди понуди адаптирани на интересите на корисниците, во категории како омилени земји, хоби, спорт, музика и култура.

Целта на стартапот е да се позиционира на пазарот за групни патувања во последен момент. Една од карактеристиките е социјалниот аспект, односно корисниците на апликацијата можат да канат пријатели од Фејсбук, да споделуваат интересни понуди, да организираат групни патувања…

Освен ова, апликацијата во секој момент ги покажува 15-те најевтини летови од Софија во следните 10 дена.

Овој бугарски старт-ап е основан на почетокот на 2016 година, а набргу потоа влегува во чешкиот акцелератор StartupYard, каде добива инвестиција од 308.000 евра. Во компанијата со седишта во Лондон и Софија, работат 10 луѓе.

Платформата почна со работа во средината на септември прво во Лондон, а сега веќе е достапна и на бугарскиот пазар, пишува софиски Капитал.