Спектакуларен ѓердан во чест на стогодишнината на Bentley Motors

166

Bentley Motors и Heinz Mayer, реномирана фамилијарна јувелирница, се споија за да ја прослават 100-годишнината на славниот бренд со фасцинантен дијамантски ѓердан на којшто има драгоцен камен кој потекнува од Африка.

Парчето накит е претставено на семот 2019 Jewelry Arabia во Бахреин. Осмислен е од дизајнерот на Bentley, Крис Кук. Ѓерданот содржи златна и платинеста поставка со жолт дијамант во форма на круша од 20,08 карати, којшто својата необична боја ја должи на молекули на нитроген во својот состав.

Дизајнот е инспириран од крилјата на Bentley, а каменот е сместен во колевка направена од 18-каратно жолто злато, којашто дополнително е декорирана со 56 природни дијаманти и ласерски гравирани детали.

“Соработката помеѓу Heinz Mayer и Bentley Motors претставува врв на рачно изработен квалитет и дизајн. За нашата стогодишнина креиравме уникатно парче накит инспирирано од EXP 100 GT. Централното парче во нашиот концепт на автомобили е елегантна визуелизација на корисничката контактна точка со возилото. Со ова парче накит сакавме да го претставиме токму тоа“, вели Кук.

Фото: bentley-jewellery.com