Sperbank Srbija урива рекорди, го зголемила профитот за дури 84%

56

Фото: Facebook

Sberbank Srbija забележала пораст на профитот од 84% и остварила приход од неверојатни 6,7 милиони евра во 2017 година што е невиден успех досега од постоењето на банката во Србија, објави telegraf.rs.

Зголемениот број корисници, новите партнерства, подобрување на квалитетот на активата, порастот на трансакции, се само дел од причините за успехот на банката во изминатата година.

Голем дел од успехот се должи на испитувањето односно анкетата којашто банката ја имаше направено во текот на 2017 година и врз основа на советите, препораките на анкетираните корисници, таа ги креираше своите политики.

Одличините резултати на банката се должат и на новите дигитални производи и услуги. Колку за пример, бројот на корисници на електронско банкарство  има неверојатен пораст, бројот на корисниците се зголемил за дури 113%.

Во текот на изминатата година, банката остварила одличен резултат на планот на намалување на нивото на проблематични пласмани за 40% во однос на 2016 година. Овој резултат бил остварен благодарение на значително подобрената наплата, реструктирањата и отписот на ненаплатени побарувања.