Список на аеродроми ризични за ширење на Ковид-19

220

Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA) направи список на аеродроми коишто се наоѓаат во области со висок ризик од пренесување на инфекцијата Ковид-19, се наведува на нивната веб страница.

Списокот е направен во координација со земјите членки EASA и се заснова на информации од Светската здравствена организација (СЗО), како и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Сите аеродроми во Белгија се наоѓаат на оваа листа.

Аеродромите во парискиот регион во Франција се, исто така, означени како ризични.

Британскиот Heathrow, холандскиот Schiphol, како и сите аеродроми во Стокхолм се на листата.

Каталонија и Мадрид се означени како ризични области, па така и аеродромите кои таму се наоѓаат на списокот на оваа европска агенција.

Аеродромите во канадските региони Онтарио и Квебек се наоѓаат на листата, како и аеродромите во Москва и Санкт Петербург во Русија.

Фото: Pixabay