Sport Vision отворa нова продавница во Прилеп

115

Sport Vision

Ланецот на спортска опрема и облека, Sport Vision се шири низ Македонија, а овој пат новоотворената продавница е лоцирана во Прилеп.

Продавницата располага со простор од 150 метри квадратни со над 14.000 артикли од новите колекции на познатите светски брендови како Sergio Tacchini, Ellesse, Champion, Lonsdale, Carrera, Nike, Adidas, Reebok, Converse и многу други.

Од претставниците на брендот се надеваат дека жителите на Прилеп ќе бидат задоволни со достапните цени на разновидната понуда на квалитетна спортска опрема, облека и спортски обувки во новоотворената мултибренд продавница, која ќе биде отворена за јавноста утре во Прилеп.

Новиот продажен салон во Прилеп ќе биде опремен со над 450 модели на патики.