Sport Vision отворa нова продавница во Тетово

27

DSC_2191

Познатиот ланец за спортска опрема, Sport Vision ја продолжува успешната приказна во Македонија со отворањето на втората продавница во Тетово опремена со повеќе од 15.000 артикли. Новата продавница со големина од 300 m2, лоцирана на градскиот плоштад, ќе им понуди на сите жители кои живеат во духот на спортот нови модели спортска опрема и аксесоари по екстремно достапни цени.

„Среќни сме што успешната спортска приказна на Sport Vision се шири низ Македонија.  Од четврток, сите граѓани ќе имаат уште едно место каде можат да купат најмодерна спортска облека и најсовремена опрема за вежбање во уште една продавница во Тетово кој се наоѓа на градскиот плоштад и е со големина од 300 метри квадратни. Sport Vision се труди постојано да ги слуша желбите на граѓаните и постојано сме во чекор со трендовите, сакајќи да ги изненадиме и наградиме нашите купувачи. Независно од тоа дали сте професионални спортисти, рекреативци или љубители на спортска опрема и облека, Sport Vision е продавницата која ќе ги задоволи желбите и потребите на сите. Со нетрпение очекуваме оваа прекрасна продавница да почнe со работа во четврток, 17-ти декември. Ви ветуваме одлична забава, екстремни цени, голем избор, подароци и изненадувања“, изјави Игор Трпковски, директор на Sport Vision Macedonia.

Sport Vision има богата понуда  на новите колекции на познатите светски брендови како Nike, Adidas, Reebok, Timberland, Converse, Champion, Sergio Tacchini, Ellesse, Lonsdale, Umbro и многу други низ продавниците во Македонија.

Во новата продавница во Тетово сите посетители ќе можат да уживаат и да ги искористат големите попусти на целиот асортиман.