Sport Vision отвори нова продавница во Рамстор

93

IMG_2699

Познатиот ланец на спортска опрема и облека, Sport Vision отвори нова продавница лоцирана во трговскиот центар Рамстор.

Спортската приказна се раскажува со новите колекции на познатите светски брендови како Sergio Tacchini, Ellesse, Champion, Lonsdale, Carrera, Nike, Adidas, Reebok, Converse и многу други, низ Скопје, Струмица, Штип, Битола, Тетово и Прилеп. Благодарение на Sport Vision, сите посетители на Рамстор ќе бидат во тек со најмодерните спортски парчиња и најдобрата опрема за вежбање.

“Среќни сме што спортската приказна на Sport Vision се шири низ Скопје. Од денеска, сите граѓани ќе можат да купат најмодерна спортска облека и најсовремена опрема за вежбање во Рамстор. Sport Vision е секогаш во чекор со трендовите, сакајќи да ги изненадува купувачите и оние кои знаат што е добро. Независно од тоа дали сте професионални спортисти, рекреативци или љубители на спортска опрема и облека, Sport Vision е продавницата која ќе ги задоволи вашите желби и потреби. Ги поздравувам сите посетители на Рамстор Мол и спортската приказна може за започеме да ја раскажуваме“, изјави Игор Трпковски, директор на Sport Vision Македонија.