Германскиот синџир на малопродажни објекти, Lidl во своите продавници ќе понуди спортска опрема направена од рециклирана пластика, собрана од плажите и крајбрежните области.
Станува збор за несекојдневна линија на производи, составена од шорцеви, маици и патики за жени и мажи, чија цел е да помогнат да се заштити животната средина и да се намали употребата на ресурси за производство.
Спортската облека во целост е произведена од пластичен отпад, од коишто дел е од РЕТ шишиња собрани од крајбрежни делови во Азија.
Фото: Pexels