Спортски викенд во Капитол мол

23

sportuvame-capitol2

Капитол мол три дена, петок, 05.05.2017, сабота, 06.05.2017 и недела, 07.05.2017, организира Спортски викенд за своите посетители.

Овој викенд организиран од страна на Капитол мол е поддржан од Кошаркарски клуб МЗТ, Спортски центар Форца и Sport Vision. Трите дена ќе бидат исполнети со незаборавни изненадувања, спортски предизвици, мини спортски активности и прекрасна забава за сите посетители, вистинско спортско доживување за семејствата и најмалите. Поттикнувањето на спортскиот начин на живот е клучен за Капитол мол затоа што креира сериозни здравствени придобивки за сите.

Во рамки на спортскиот викенд, покрај презентациите од клубовите и спортските центри се предвидени неколку предизвици за посетителите. Со првиот предизвик секој посетител што ќе направи фотографија со познат спортист во центарот и ја објави истата на Фејсбук или Инстаграм со хаштагот #СпортувамевоКапитолМол како јавен пост, ќе ја има ексклузивната можност да добие гратис карта за претстојни натпревари во МЗТ и Форца. За овој предизвик секој ден ќе се избираат по три добитници. Вториот предизвик е за најбрзиот посетител кој за секој од деновите од спортскиот викенд ќе приложи сметка од Капитол мол во сума од над 2.000 денари. Тоа лице ќе добие бесплатен тренинг за еден месец во Младинска школа МЗТ. Третиот и најзабавен предизвик ќе се одржи со вртење на баскет топка на прст. Оваа игра е за младите и лицето кое најмногу ќе издржи во вртењето на топката ќе добие подарок баскет од Sport Vision.

Капитол мол со организацијата на овој викенд цели кон негување на најголемите човекови и спортски вредности, како истрајноста, упорноста и тимскиот дух.