Шведската платформа за стриминг на музика Spotify тестира воведување едукативни видео курсеви во својата понуда.
Spotify во соработка со компании како BBC и Skillshare ќе го лансира сервисот прво во Велика Британија, а најмалку првите две лекции ќе бидат бесплатни, пренесува TechCrunch.
Цената на целиот курс ќе се движи помеѓу 20 и 80 фунти, односно од 23,3 од 93,3 евра, без разлика дали корисникот има основен или премиум пакет.