Square го презема австралискиот Afterpay за 29 милијарди долари

33

Американската платежна компанија Square, која ја основа основачот на социјалната мрежа Twitter, Џек Дорси, објави дека планира да ја купи австралиската финтек -компанија Afterpay со цел дополнително да го прошири својот бизнис.

Преземањето од 29 милијарди долари ќе биде целосно платено за акциите на Square, а според постигнатиот договор, вредноста на Afterpay се проценува за 30 % повисока од нејзината последна проценка на пазарната капитализација, според претходниот берзански ден, пренесува CNBC.

По објавувањето на оваа информација, вредноста на акциите Afterpay значително порасна на берзата во Австралија, завршувајќи тргување со плус од речиси 19%. Со тој дополнителен скок во вредноста, австралиската компанија сега вреди околу 33,25 милијарди австралиски долари на пазарот, или околу 24,46 милијарди американски долари.

Фото: Pixabay