Србија: 2016-та најлоша во последните 80 години за пчеларите

13

med

Според проценките на Сојузот на пчеларски организации на Србија, пчеларите оваа година поради неповолни временски прилики претрпеле елементарна непогода и произвеле само околу 1.100 тони мед, што е околу пет пати помалку од годишниот просек, јавува РТВ.

Според заменик претседателот на Сојузот, оваа година е најлоша во последните 80 години, поради што загубите на пчеларите се огромни.

Србија најмногу мед извезува во европските земји, како Германија, Италија, Норвешка, Австрија…