Србија доби 273,8 милиони евра кредити за патиштата

47

patistaЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Светската банка потпишаа договор за три кредити со министерството за финансии на Србија, во вредност од вкупно 273,8 милиони евра за обнова и зголемување на безбедноста на патиштата. Проектот ќе опфати обнова на околу 1.100 километри патишта во Србија во наредните пет години.

Вкупната вредност на проектот е 390 милиони евра, од кои 367 милиони евра ќе бидат искористени за редовно обновување, а 23 милиони евра за проектирање, јакнење на институциите и техничка помош. ЕБОР и ЕИБ на Србија и дале кредит од по 100 милиони евра, а Светска банка 73,8 милиони евра. Владата на Србија ќе обезбеди 116,2 милиони евра.