Србија доби тригодишен аранжман за претпазливост од ММФ

20

mmf

Бордот на извршни директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) донесе одлука за склучување на тригодишен аранжман за претпазливост со Србија, дознава РТС.

Одобрениот тригодишен stand by аранжман е вреден околу 1,2 милијарди евра, а според желба на српските власти, тоа е аранжман за претпазливост. Програмата, како што се наведува, е базирана на три основни столбови: оздравување на јавните финансии, унапредување на стабилноста и флексибилноста на финансискиот сектор и спроведување на сеопфатни структурни реформи.

На овој начин се очекува да се формира солидна основа за отворање нови работни места и враќање на земјата на оддржливиот пат кон економски раст.