Србија е најголемиот инвеститор во Црна Гора во 2023 година

19

Нето-приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора минатата година, според прелиминарните податоци на Централната банка (ЦБЦГ), изнесува 428,67 милиони евра, што е за 45,23 отсто помалку од 2022 година.

„Вкупниот обем на СДИ изнесува 856,99 милиони евра (пад од 25,59 отсто),“, се наведува во новиот билтен на ЦБЦГ.

Според податоците на централната банка, најмногу инвестиции имало Србија – 125,2 милиони евра, потоа Русија – 112,5 милиони евра, Турција – 85,2 милиони евра, Германија – 72,8 милиони евра и Швајцарија – 64,8 милиони евра.

Меѓу првите десет земји од кои пристигнуваат најмногу СДИ се САД (шесто место) со 53,4 милиони евра, потоа Обединетите Арапски Емирати – 40,2 милиони, Кипар – 36 милиони, Австрија – 24,8 милиони и Украина со околу 19 милиони евра.

Фото: Freepik