Србија го лансира првиот домашен респиратор за 30 дена

250

Тим на лица од компанијата Smart research од Институтот Михајло Пупин од Србија развива сопствен респиратор, пренесува Б92.

“Во рамки на повикот на Фондот за иновациони дејности добивме проект да развиеме респиратори во рамки на условите во Србија. Добивме рок што е многу тежок, од 30 дена, но мислам дека тоа е изводливо“, вели Марко Паниќ од Smart research.

Тој додаде дека работат на тоа првиот функционален уред да биде готов за 30 дена.

“Нашата проекција е дека може да произведеме од 10 до 100 респиратори дневно. Веќе стапивме во контакт со фирми коишто тврдат дека може да се произведат 60 механички делови за респираторите дневно, коишто се најголем проблем тука“, вели Владимир Нешиќ од Институтот Михајло Пупин.

Тој ги повика сите оние кои се занимаваат со производство или набавка на електромагнетни вентили или мембрански пневматски пумпи, да се јават во Фондот да помогнат. Нешиќ не ја исклучува можноста да биде ангажирана и автомобилската индустрија за масовно производство на респиратори.

Фото: Pixabay