Србија го промовира домашниот туризам, даночни олеснувања за Србите што ќе летуваат во земјата

64

srbija

Промоцијата на туристичката понуда на Србија и кампањата Моја Србија започнува денеска, а премиерот Александар Вучич ќе ги повика граѓаните одморот да го поминат во земјата. Вучиќ претходно најави дека граѓаните кои ќе летуваат во земјата, може да сметаат на даночни олеснувања, пишува Танјуг.

Според Вучиќ, идејата е оние што ќе го поминат одморот во земјата, да добијат ваучери со износи за кои ќе им биде намален некој од даноците што се обврзани да ги плаќаат.

Вучиќ прецизираше дека доколку само 10% од парите што Србите ги трошат за летување во странство останат во земјата, тоа ќе овозможи зголемување на платите за 5% за вработените во образование, здравство, социјални служби, работници, војската на Србија, пишува Танјуг.

Српските туристи годишно во странство оставаат околу 898 милиони евра.