Србија: И менаџерите се плашат од откази

39

zagrizen menager

Дури и успешни менаџери во Србија се плашат да не ја загубат работата, покажува истражувањето на Мокрогорската школа за менаџмент, пренесува Политика.

“Стравот од загуба на работното место кај менаџерите постоел од секогаш, а посебно после 2008 година. Загубата не ги загрижува само менаџерите во Србија. И од менаџерите во светот се бара поголема одговорност, зголемен обем на работа…, а конкуренцијата се заострува. Тешко се продава и тешко се заработува, а до нова работа не се доаѓа лесно“, вели основачот на школата, Срѓан Јаничијевиќ.

Познато е дека луѓето на важни управувачки функции страдаат од кардиоваскуларни заболувања, хроничен стрес и слично. И покрај тоа, задоволство од својата работа во анонимната анкета изразиле 73% од менаџерите. Дури 90% од нив сакаат да напредуваат и ја сакаат својата работа иако истата е стресна.

Анонимната анкета била спроведена меѓу менаџери на компании како што се: НИС, Фиат автомобили Србија, Књаз Милош, Ерсте Банка, Бамби, Имлек…